First seen by Alion on Nov 20, 2026.
Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје е компанија лоцирана во Македонија, која испорачува комплетни решенија од областа на геотехниката, хидротехниката, енергетиката, рударството, патната инфраструктура и заштитата на животната средина. Поради зголемен обем на работа Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје има потреба од вработување на:
Oглас за работна позиција: Систем администратор
Минимум потребни квалификации:
- Образование: ВСС
- Со работно искуство минимум 2 години
- Компјутерски вештини: Напредно познавање на компјутерски алатки MS Office (Word, Excel, Power Point, MS Project), напредно познавање на хардвер
- Возачка дозвола: Б категорија
Дополнителни квалификации:
- Познавање на компјутерски мрежи (LAN, WLAN)
- Искуство со Windows Server 2008-2025, надградба , бекап, мониторинг
- Познавање на Microsoft ADDC, менаџирање со акаунти, пристап и привилегии.
- Менаџирање на firewall I endpoint заштита
- Познавање на хибридни телефонски мрежи
- Искуство со платформин за виртуализација
- Искуство во набавка на ИТ опрема
- Одлични комуникациски и аналитички спосбности, организираност и систематичност во работата
Работни задачи:
- Одржување на компјутерски конфигурации (Windows)
- Одржување на компјутерска мрежа (Windows ADDS)
- Одржување на телефонска мрежа (3CX)
- Креирање и одржување на High Availability,околина и користење на платформи за виртуализација.
- Следење на нови технологии од ИКТ и нивна примена во Kомпанијата
Вашата биографија и мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:
- По електронска пошта на: [email protected]
- По пошта на адреса: ул. Борис Трајковски бр. 111 Скопје најдоцна до 09.12.2026.
Работното време започнува од 08:00 часот до 16:00 часот.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.

